-45%
, ,

WIC100C

Sony

Безжични слушалки за во уво со батерија што трае до 25 часа, брзо полнење, еквалајзер, DSEE, ознака IPX4 за водоотпорност и компатибилност со апликацијата Sony | Headphones Connect.

1,490 ден 2,690 ден

Долго траење на батеријата до 25 часа
Уживајте во музика до 25 часа без прекини. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до 60 минути.

Направете ја музиката поприродна
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Нашиот процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка. [A] Обновување  [B] Обновување на фините звуци

Вашиот звук, по ваша желба
Прилагодете го звукот по ваша желба. Изберете некој од однапред поставените параметри според жанрот на музиката што ја слушате, или направете и зачувајте свои однапред поставени параметри преку функцијата за еквалајзер на апликацијата Sony | Headphones Connect.
Добро балансирано прилагодување Прилагодувањето е одлично балансирано, од ниските па сè до високите фреквенции, а вокалите се природни и јасни. Затоа слушалките WI-C100 одговараат за сите музички жанрови.

Капките вода и потта не се проблем
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките – продолжете да се движите по ритамот на музиката.

Стабилна безжична врска
Кажете им збогум на заплетканите кабли – со безжичната технологија Bluetooth® може да се поврзете безжично со вашиот уред и да уживате во стабилно и непрекинато слушање.

Јасни и квалитетни повици без користење на рацете
Разговарајте слободно со јасни повици без да ги користите рацете, благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.

Лесно стануваат дел од вашиот живот
Слушалките WI-C100 се лесни и преносливи и имаат флексибилна лента за на врат што овозможува уште полесно носење во вашата торба кога сте во движење.

A comfortable fit
Добро балансираната форма околу вратот овозможува стабилно поставување, а куќиштето ги следи контурите на увото заради максимална удобност.

Едноставно ракување со копчињата
Слушалките WI-C100 се лесни за ракување и имаат копчиња за репродукција и пауза, прескокнување песни, прилагодување на јачината на звукот и одговарање на повици. Заради поголема практичност, копчињата се редизајнирани со понагласена форма за да бидат полесни за притискање.

SKU: 10102532 Категории: , ,
Бренд

Тежина Прибл. 20 гр.
Вид на слушалки Затворени динамички
Звучник 9 мм
Магнет Неодимиум
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz – 20.000 Hz (фреквенција на семплирање од 44,1 kHz)
Контрола на јачина на звук Да
Начин на носење Слушалки за во уво
Отпорност на вода IPX4
NFC Не
DSEE Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 3 ч.
Метод за полнење на батеријата USB
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика) Макс. 25 часа
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА) Макс. 15 часа
Верзија на Bluetooth® Верзија 5.0
Ефективен опсег Прибл. директна линија на видливост од 10 м
Фреквентен опсег 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T