-45%
,

WIC100B

Sony

  • Траење на батеријата до 25 часа
  • Прилагодете го звукот со помош на апликацијата Sony | Headphones Connect
  • Ознака IPX4 за отпорност на прскање и пот

1,490 ден 2,690 ден

Безжичните слушалки за во уво WI-C100 нудат одлична вредност, многубројни функции како батерија што трае долго, висококвалитетен звук, дизајн отпорен на прскање со вода и компатибилност со апликацијата Sony | Headphones Connect.
Уживајте во музика до 25 часа без прекини. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до 60 минути.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Нашиот процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка. [A] Обновување  [B] Обновување на фините звуци
Прилагодете го звукот по ваша желба. Изберете некој од однапред поставените параметри според жанрот на музиката што ја слушате, или направете и зачувајте свои однапред поставени параметри преку функцијата за еквалајзер на апликацијата Sony | Headphones Connect.
Прилагодувањето е одлично балансирано, од ниските па сè до високите фреквенции, а вокалите се природни и јасни. Затоа слушалките WI-C100 одговараат за сите музички жанрови.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките – продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Кажете им збогум на заплетканите кабли – со безжичната технологија Bluetooth® може да се поврзете безжично со вашиот уред и да уживате во стабилно и непрекинато слушање.
Разговарајте слободно со јасни повици без да ги користите рацете, благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Слушалките WI-C100 се лесни и преносливи и имаат флексибилна лента за на врат што овозможува уште полесно носење во вашата торба кога сте во движење.
Добро балансираната форма околу вратот овозможува стабилно поставување, а куќиштето ги следи контурите на увото заради максимална удобност.
Слушалките WI-C100 се лесни за ракување и имаат копчиња за репродукција и пауза, прескокнување песни, прилагодување на јачината на звукот и одговарање на повици. Заради поголема практичност, копчињата се редизајнирани со понагласена форма за да бидат полесни за притискање.
Со притиснување на едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник на вашиот паметен телефон за да пронајдете насоки, да репродуцирате музика, да комуницирате со контактите и многу повеќе.
Функцијата Fast Pair го олеснува впарувањето на слушалките со уреди со Android™. Со еден допир според прикажаните упатства, слушалките WI-C100 брзо и лесно се впаруваат со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Може и да ги пронајдете слушалките со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките WI-C100 со вашиот компјутер со Windows 11 и Windows 10 преку Bluetooth®. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 и Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.
Уживајте во звук што е оптимизиран за вас благодарение на апликацијата Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, овозможувајќи им на слушалките да создадат уникатно звучно поле за вас кога ќе ги впарите со телевизорите BRAVIA XR.
Ако го приклучите безжичниот предавател WLA-NS7 од Sony во телевизор BRAVIA XR, тогаш слушалките ќе создадат фантомски звучници во идеален распоред околу вас за да уживате со Dolby Atmos. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува помалку од пет проценти од материјалот за пакување на еден пар слушалки WI-C100, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

SKU: 10102504 Категории: ,
Бренд

Bluetooth

Да

Микрофон

Да