, ,

WH1000XM5S

Sony

  • Поништување на шум што е водечко во индустријата
  • Удобен дизајн
  • Врвен звук, приспособен до совршенство
  • Енергија за цел ден и брзо полнење

22,990 ден

Опремени со два процесори за контрола на осум микрофони, Auto NC Optimizer за автоматско оптимизирање на поништувањето шум според условите за носење и опкружувањето, како и специјално дизајниран звучник, слушалките WH-1000XM5 со поништување на шум што е водечко во индустријата нудат нови стандарди за јасни повици и слушање без пречки.
Од бучава во авион до гласови на луѓе, нашите безжични слушалки WH-1000XM5 го поништуваат шумот со повеќе микрофони за да спречат пропуштање на повеќе звуци со високи и средни фреквенции. А благодарение на Auto NC Optimizer, поништувањето на шумот се оптимизира автоматски според условите за носење и опкружувањето.
Вградувањето по четири микрофони во секоја слушалка е нашиот најголем напредок во поништувањето на шумот. Амбиенталниот звук се снима уште попрецизно и овозможува значително намалување на високофреквентниот шум. Благодарение на Auto NC Optimizer, перформансите за поништување шум се оптимизираат автоматски и секогаш врз основа на условите за носење и надворешните фактори во опкружувањето како што е атмосферскиот притисок.
Специјално (прецизно) дизајнираниот звучник од 30 мм со лесна и цврста купола од карбонски влакна ја подобрува чувствителноста за високи фреквенции за да создаде природен и квалитетен звук. Технологиите на Sony вклучуваат и врвен лем без олово што содржи злато за неверојатна спроводливост, отпорник за рамномерна дистрибуција на струјата и оптимизирани електронски кола што нудат подобрен сооднос меѓу сигналот и шумот и јасен, доследен звук.
Нашата технологија за прецизно откривање гласови користи четири микрофони со просторно филтрирање и алгоритам за намалување на шумот основан врз AI за да може прецизно да го изолира вашиот глас. Новосоздадената структура за намалување на шумот предизвикан од ветер го минимизира шумот од ветерот за време на повиците. Независно каде сте, секогаш ќе слушате и ќе бидете слушнати јасно.
Овие лесни слушалки имаат прекрасна завршна обработка од новосоздадена „мека кожа“. Овој материјал се прилепува околу главата со помал притисок врз ушите, а притоа спречува навлегување на надворешните звуци. WH-1000XM5 имаат бесшумен дизајн со лизгач без положби на запирање, непречено вртење и закачување.
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Кога ќе ја активирате, таа учи каде се движите и ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.
Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и автоматски ќе се поврзат со тој уред. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.

SKU: 1102502 Категории: , ,
Бренд

Noise cancelling

Да

Bluetooth

Да

Микрофон

Да