-2%
, ,

WH1000XM4S

Sony

  • Процесорот QN1 за HD-поништување на шум, Bluetooth® SoC за звук и двата сензори за шум ви овозможуваат слушање без пречки
  • Појасен говор за време на повиците, не регистрира амбиентален звук
  • Лично оптимизирање на поништувањето на шум и оптимизирање на атмосферскиот притисок
  • Висококвалитетен звук со DSEE Extreme™ и LDAC
  • Безжична слобода со технологијата BLUETOOTH®

18,590 ден 18,990 ден

Без разлика дали имате долг лет или уживате во кафе бар, WH-1000XM4 ќе ви понудат најдобри перформанси за поништување шум досега, елиминирајќи уште повеќе непотребни звуци со високи и средни фреквенции.
Технологијата за два сензори за шум користи по два микрофони во слушалките за да го сними амбиенталниот шум и потоа ги пренесува податоците до процесорот QN1 за HD-поништување на шум. Користејќи нов алгоритам, процесорот QN1 за HD-поништување на шум ги обработува податоците за да го поништи шумот во реално време од различни акустични опкружувања. Заедно со новиот Bluetooth® SoC (систем на чип) за звук, тој ги открива сигналите за музика и шум и се приспособува кон нив, а ги прилагодува и акустичните карактеристики помеѓу звучниците и ушите, со брзина над 700 пати во секунда.
Слушалките WH-1000XM4 користат две технологии за да обезбедат максимални перформанси за поништување шум. Уникатното оптимизирање на атмосферскиот притисок овозможува оптимален звук на големи надморски височини, а личното оптимизирање на поништувањето на шумот ги анализира уникатните звучни карактеристики што ги предизвикуваат големината на главата, очилата и косата, а потоа соодветно го приспособува звукот.
Прилагодете го амбиенталниот звук со апликацијата Sony | Headphones Connect за да го поништите шумот, но сепак да ги слушате неопходните звуци од опкружувањето, како известувања за транспорт, додека слушате музика во движење.
LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот BLUETOOTH®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен како кај наменска жична врска.
Аналогниот засилувач во процесорот QN1 за HD-поништување на шум нуди најдобар сооднос помеѓу сигналот и шумот за мало изобличување и извонреден квалитет на звук кај преносливите уреди. Овие слушалки се одликуваат со моќни звучници од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) што се совршени за моќни ритми и репродукција на сите фреквенции со опсег до 40 kHz.
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција) создадена во соработка со Sony Music Entertainment, DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Штом почнете да разговарате со некого, функцијата Speak-to-Chat автоматски ја запира музиката и почнува да го пропушта амбиенталниот звук за да можете да разговарате. Направена врз основа на технологијата за прецизно откривање гласови, оваа паметна функција ги користи петте микрофони вградени во слушалките и напредна обработка на аудио сигнали за да го препознае и да реагира на вашиот глас. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што може да научи да препознава локации што често ги посетувате, како вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа да го приспособи звукот за да ви обезбеди идеално доживување при слушањето. Освен тоа, таа автоматски открива што правите – на пример, дали пешачите, чекате или патувате – па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата.
Сензорот за близина во слушалките може да открие дали ги носите слушалките, а потоа соодветно да ја приспособат репродукцијата за да заштедите енергија во батеријата. Извадете ги слушалките и музиката автоматски ќе се паузира. Вратете ги слушалките и музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Дали треба брзо да ги слушнете звуците или гласовите околу вас? Ставете ја дланката врз куќиштето за веднаш да го намалите звукот на музиката и да ги слушнете амбиенталните звуци.
WH-1000XM4 нудат спој од модерен стил и удобност. Меките перничиња од уретанска пена го намалуваат притисокот и еднакво го распоредуваат и го подобруваат контактот помеѓу ушите и перничињата за стабилно поставување. Благодарение на лесниот дизајн, нема да забележите дека ги носите.
Со батеријата што трае до 30 часа ќе имате доволно енергија за долги патувања. Ако треба брзо да ја надополните батеријата, за само 10 минути може да наполните енергија за 5 часа користење со изборниот AC-адаптер.
Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.
Воспоставувајте повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со двоен допир. Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што користи пет вградени микрофони и напредна обработка на аудио сигнали, WH-1000XM4 нудат појасен звук за вашиот соговорник при телефонските повици.
Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот.
Со апликацијата Sony | Headphones Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги прилагодувате нивоата на звукот според вашата музика.
За да овозможат максимална практичност, слушалките WH-1000XM4 може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и ќе се поврзат со него автоматски. Исто така, ќе можете брзо и непречено да ги префрлувате слушалките помеѓу двата уреди со допирање едно копче.
Слушалките се преклопуваат навнатре за да можете уредно да ги спакувате во компактната торбичка.
Испорачаната торбичка за носење е издржлива и вклучува кабел за слушање.

SKU: 1102486 Категории: , ,
Вид на слушалки Затворени, динамички
Звучник 40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
Магнет Неодимиум
Дијафрагма LCP обложен со алуминиум
Фреквентен одзив 4 Hz-40.000 Hz
Фреквентен одзив (активен режим) 4 Hz-40.000 Hz
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz – 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz – 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Чувствителности (dB/mW) 105 dB / mW (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 101 dB / mW (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
Вид на жица Едностран (отстранлив)
Должина на кабел Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м, жици од OFC, позлатен мини стерео приклучок)
Приклучник Позлатен стерео мини приклучок со облик L
Начин на носење Целосно покривање на увото
NFC Да
DSEE Extreme Да
Пасивно функционирање Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 3 часа (целосно полнење)
Метод за полнење на батеријата USB
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(КОНТИНУИРАНО ВРЕМЕ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА СО ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА) Макс. 30 часа(NC ВКЛУЧЕНО), Макс. 38 часа(NC ИСКЛУЧЕНО)
Траење на батеријата(време на мирување) Макс. 30 часа(NC ВКЛУЧЕНО), Макс. 200 часа(NC ИСКЛУЧЕНО)
Верзија на Bluetooth® Верзија 5.0
Ефективен опсег Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC, LDAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T
Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот Да
Личен оптимизатор за поништување на шум Да
Оптимизирање на атмосферскиот притисок Да
Режим за амбиентален звук Да
Брзо внимание Да
Контрола на јачина на звук Сензор за допир
Влез(ови) Мини стерео приклучок