,

WFLS900NW

Sony

  • Секогаш подготвени да ги поврзат вашите онлајн и офлајн светови
  • Автоматски избира помеѓу оптимизиран амбиентален звук и поништување на шум
  • Реална музика и јасни повици
  • Траење на батеријата до 20 часа и брзо полнење од 5 минути за репродукција до 60 минути

10,990 ден

Персонализирајте ги со изборот на три прекрасни врвни мат бои кои се испорачуваат со футрола со усогласена боја.
Со тежина од приближно 4,8 грама, Linkbuds S се потполно безжични слушалки што се најмали и најлесни во светот и нудат поништување на шум и звук со висока резолуција.
LinkBuds S го комбинираат обликот што совршено одговара на човечкото уво со ергономски дизајн за постабилно вметнување. Ги дизајниравме LinkBuds S од опширни податоци за формата на ушите собирани од првото појавување на слушалките за во уво во 1982 година, како и со проценка на чувствителноста на разните видови уши, за да создадеме идеална форма, удобна за многу луѓе.
Овие слушалки ви го нудат најдоброто од двата света – природен амбиентален звук кога сакате да бидете дел од вашиот свет и висококвалитетно поништување на шум кога сакате да се концентрирате. Слушалките LinkBuds S автоматски избираат помеѓу режимите за амбиентален звук и поништување на шум во зависност од тоа каде сте и што правите.
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Со тек на време, таа учи каде се движите и ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.
Технологијата за прецизно откривање гласови оптимално ги контролира микрофоните на слушалката, а напредната обработка на аудиосигнали нуди јасни разговори дури и во бучни опкружувања. Алгоритамот за намалување шум е создаден со машинско учење со AI, при што употребивме над 500 милиони примероци од гласови за да го намалиме амбиенталниот шум и да го истакнеме вашиот глас.
Дури и на ветровити денови, шумот на ветерот ќе биде минимизиран од мрежестата структура околу микрофонот.
LinkBuds S се мали поради новиот звучник од 5 мм со многу приспособлива мембрана. И покрај својата големина, тој нуди моќен бас и кристално чисти вокали и извлекува максимум од музичките жанрови. Богатиот звук со среден опсег овозможува јасна репродукција на гласовите во музика, филмови и podcast-содржини. Со напредното поништување на шум, LinkBuds S ги намалуваат пречките.
Го подобрува поништувањето на шум за слушање без пречки со користење помалку енергија, подобрен квалитет на звукот и намалено изобличување.
LinkBuds S поддржуваат безжичен звук со висока резолуција благодарение на LDAC, нашата технологија за кодирање звук што е прифатена во целата индустрија. LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци од стандардниот Bluetooth®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен како кај наменска жична врска.
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата.
Sony и Microsoft се здружија и развија технологија што им овозможува на луѓето подобро да се движат низ светот. LinkBuds S нудат поддршка за апликацијата Microsoft Soundscape. Уникатната интеграција овозможува иновативни доживувања за подобра навигација со 3D-звук, а сензорите вградени во слушалките LinkBuds S овозможуваат безгрижно доживување без да ги користите рацете.
Проверете колку безбедно слушате музика со тоа што ќе ги споредите податоците за звучен притисок што ги снимаат вашите слушалки и препораките на Светската здравствена организација (WHO). Добивајте известувања од OS кога нивоата на јачина се премногу големи. Слушалките LinkBuds S имаат и поставки за интуитивна контрола на допир. Може да доделите функции по ваш избор на двете слушалки преку апликацијата Headphones Connect.
Поставете ја функцијата Speak-to-Chat да ја паузира музиката автоматски штом почнете да разговарате со некого, за да слушате само амбиентални звуци додека разговарате – ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Само извадете ги ушните влошки од вашите уши и музиката ќе запре – сензорот за близина знае кога носите една или две ушни влошки. Вратете ги ушните влошки во ушите и музиката ќе продолжи.
Добијте помош без да ги користите рацете – само изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник. Слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да контролирате и функции на слушалките како што е поништувањето шум со помош на вашиот глас, да слушате музика и да управувате со е-пораките на Microsoft Outlook и да се вклучувате на состаноци на Microsoft Teams користејќи Google Assistant или Siri.
Слушалките LinkBuds S имаат поставки за интуитивна контрола на допир – на пример, допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или допрете ја подолго за брзо стишување или, пак, допрете ја десната слушалка двапати за да преминете на следната песна.
Со Quick Access може да ги конфигурирате овие безжични слушалки да продолжат да репродуцираат музика од Spotify или приспособени звуци од Endel со два или три допири – не треба да го допирате вашиот паметен телефон.
LinkBuds S ја поддржуваат функцијата за брзо впарување на Google. Може да видите каде сте ги оставиле слушалките со звучен сигнал или преку нивната последна локација во Find My Device од Google за паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.
Овие слушалки поддржуваат LE Audio, нова генерација на Bluetooth-звук со многу мало доцнење – идеален за играње игри.
Bluetooth®-сигналот се испраќа до двете уши во исто време, дури и кога има пречки, со што се овозможува мало доцнење и висококвалитетен звук. Благодарение на моќниот вграден процесор V1, ќе може да уживате во стабилен безжичен звук без прескокнување.
LinkBuds S користат рециклирани пластични материјали од автомобилски делови.
Материјалот за пакување на LinkBuds S не содржи пластика, што е доказ за нашата посветеност да го намалиме влијанието на нашите производи врз животната средина.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на овие слушалки од Sony – продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Добијте енергија за цел работен ден – 6 часа – од слушалките и складирајте енергија за уште 14 часа во футролата. Тоа е енергија за вкупно 20 часа слушање секогаш кога ќе излезете од домот. Се брзате? Со брзото полнење од само 5 минути ќе добиете време за репродукција до 60 минути, а апликацијата Sony | Headphones Connect ќе ве извести кога енергијата во футролата за полнење ќе падне под 30%.
Благодарение на стилскиот заоблен дизајн и боите што се совпаѓаат, футролата за полнење совршено ги надополнува LinkBuds S. Таа може удобно да се носи во џеб или да се држи во рака кога се движите и се отвора со едноставно притиснување на копче.
Отворете го пакувањето на вашите LinkBuds S и ќе пронајдете ушни влошки во 4 големини што одговараат на различни форми на уши, како и USB-C-кабел за полнење.
Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.
Уживајте во звук што е оптимизиран за вас благодарение на апликацијата Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, овозможувајќи им на слушалките да создадат уникатно звучно поле за вас кога ќе ги впарите со телевизорите BRAVIA XR.
Ако го приклучите безжичниот предавател WLA-NS7 од Sony во телевизор BRAVIA XR, тогаш слушалките ќе создадат фантомски звучници во идеален распоред околу вас за да уживате со Dolby Atmos. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.

SKU: 10102524 Категории: ,
Тежина Прибл. 4,8 гр. x 2
Вид на слушалки Затворени, динамички
Звучник 5 мм
Магнет Неодимиумски магнети со голема моќ
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz-20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz-40.000 Hz (семплирање со 96 kHz LDAC, 990 kbps)
Отпорност на вода Да (IPX4)
DSEE Extreme Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 2,0 часа
Метод за полнење на батеријата Полнење преку USB (со футролата)
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика) Макс. 6 часа (вклучено NC) / макс. 9 часа (исклучено NC)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА) Макс. 3,5 часа (вклучено NC) / макс. 3,5 часа (исклучено NC)
Траење на батеријата(време на мирување) Макс. 8,5 часа (вклучено NC) / макс. 16 часа (исклучено NC)
Верзија на Bluetooth® Спецификација на Bluetooth® верзија 5.2
Ефективен опсег 10 м
Фреквентен опсег 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC, LDAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T
Режим за амбиентален звук Да
Брзо внимание Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 3 часа (полнење преку USB)
Тежина Прибл. 35 гр.
Димензии Прибл. 42,8 x 60 x 27,6 мм