-20%
, ,

WFL900W

Sony

Потполно безжични слушалки со микрофон
Прстенестиот дизајн од отворен вид со звучна транспарентност ги поврзува вашиот онлајн и офлајн свет
Извонредно мали, лесни и удобни
Јасно слушајте ги повиците и музиката
Бидете поврзани со секојдневието со постојана музика и комуникација

7,990 ден 9,990 ден

LinkBuds совршено ги поврзуваат сите ваши светови благодарение на прстенестиот дизајн од отворен вид што ви овозможува да ги слушате повиците, музиката и другите онлајн содржини во секое време, а истовремено транспарентно да ги слушате и амбиенталните звуци околу вас, без никаков притисок врз вашите уши. Мали и извонредно лесни, со стил што нуди извонредно удобно вметнување и пријатно носење со часови, тие постојано ве поврзуваат со вашиот живот и ви овозможуваат да не пропуштите ништо.
Со тежина од приближно четири грама и извонредно мали димензии, LinkBuds се минијатурно чудо. За разлика од стандардните слушалки за во уво, заштитната површина што ја покрива мембраната на звучникот е вградена во куќиштето, со што се заштедува простор.
Уживајте во добро балансиран, висококвалитетен звук со јасен опсег на средните и високите тонови. Нашиот вграден процесор V1 ги репродуцира сите детали од вашата музика со минимално изобличување и ви овозможува реалистично доживување при слушањето. Специјално дизајнираниот прстенест звучник од 12 мм со приспособлива мембрана (ниско одбивање) нуди богат и добро балансиран звук.
Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што нуди напредна обработка на аудио сигнали, соговорникот ќе може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и кога се наоѓате во бучни опкружувања. Нашиот алгоритам за намалување на шум беше развиен со машинско учење со AI со користење на над 500 милиони примероци од гласови за да го потиснат амбиенталниот шум и јасно да го истакнат вашиот глас во разни опкружувања.
Штом почнете да разговарате со некого, може да ја поставите функцијата Speak-to-Chat автоматски да ја паузира музиката и да го пропушта само амбиенталниот звук за да можете да разговарате – ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира. Таа се основа врз технологијата за прецизно откривање гласови што нуди напредна обработка на аудио сигнали.
Благодарение на извонредно малите димензии и стилскиот заоблен дизајн, футролата за полнење може удобно да се носи во џеб или да се држи во рака, за живот во движење. Отворете ја со едноставно притиснување на копче.

SKU: 10102494 Категории: , ,
Тежина Прибл. 4,1 гр. x 2
Вид на слушалки Отворени, динамички
Магнет Неодимиумски магнети со голема моќ
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz – 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Отпорност на вода Да (IPX4)
DSEE Да
Метод за полнење на батеријата Полнење преку USB (со футролата)
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика) Макс. 5,5 часа
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА) Макс. 2,5 часа
Траење на батеријата(време на мирување) Макс. 11 часа
Верзија на Bluetooth® Спецификација на Bluetooth® верзија 5.2
Ефективен опсег 10 м
Фреквентен опсег 2.4 GHz појас (2,4000 GHz – 2,4835 GHz)
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T
Тежина Прибл. 34 гр.
Димензии Прибл. 41,4 x 48,5 x 30,9 мм