-20%
, ,

WFC500B

Sony

Потполно безжични слушалки со микрофон
Траење на батеријата од 10 часа или вкупно 20 часа со футролата за полнење
Изборно користење на само една слушалка
Отпорност на прскање и пот, со ознака IPX4
Полесно, појасно јавување без раце

3,990 ден 4,990 ден

Нашите потполно безжични слушалки WF-C500 се дизајнирани да бидат компактни и удобно да се вметнуваат во вашите уши. Но не дозволувајте нивната големина да ве залаже. Тие нудат висококвалитетен звук со богати детали, благодарение на технологијата DSEE, која врши обновување на изгубените фини детали и високи фреквенции. Овие слушалки со Bluetooth® се компатибилни со паметни телефони, многу едноставни за употреба и доаѓаат во избор од четири бои.
Со технологијата DSEE (процесор за подобрување на дигитален звук), изгубените високи фреквенции и фини детали се обновуваат за поавтентично уживање при слушањето. Може и да ја прилагодите музиката со поставувањето за EQ во апликацијата Sony | Headphones Connect.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка. [A] Обновување [B] Обновување на фините звуци
Прилагодете го звукот според вашиот вкус. Изберете од многуте однапред поставени параметри за да добиете звук соодветен за музиката што ја слушате. Или создајте и зачувајте свои параметри со функцијата за прилагоден EQ во Sony│Headphones Connect.
Малиот дизајн на овие слушалки овозможува сигурно и удобно прицврстување за вашите уши. Заоблената форма предизвикува задоволство при носењето и ви овозможува да се концентрирате на најважното – музиката.
Откако ги издадовме првите слушалки за во уво во светот во 1982 година (MDR-E252), анализиравме огромни количини на податоци за формите на ушите од целиот свет. Слушалките WF-C500 се резултат на тоа истражување и нудат спој од форма што одговара на ушната празнина и нов ергономски дизајн за постабилно вметнување.
Цилиндричната футрола за полнење е неверојатно мала и практична за носење во џеб или во чанта, така што може да ги понесете слушалките каде и да одите. Провидниот капак со текстура на заматено стакло ѝ дава стилски и луксузен изглед на футролата.
Копчињата на WF-C500 овозможуваат репродуцирање, запирање или прескокнување песни и менување на јачината на звукот, a нудат и лесен пристап до гласовниот помошник на паметните телефони и воспоставување и одговарање на повици без користење на рацете.
Со притиснување на едно копче може веднаш да се поврзете со гласовниот помошник на вашиот паметен телефон за да добиете насоки, да репродуцирате музика, да комуницирате со контактите и многу повеќе.
Лесно воспоставување повици без користење на рацете благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Функцијата Fast Pair го олеснува впарувањето на слушалките со уреди со Android™. Со еден допир и со прикажани упатства, WF-C500 нудат брзо и лесно впарување со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Може и да ги пронајдете слушалките со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките WF-C500 со вашиот компјутер со Windows 10 преку Bluetooth®. На уредите со Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Слушајте музика до 20 часа благодарение на практичната футрола за полнење. Доколку треба брзо да ја надополните батеријата, со брзото полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција на музика до еден час.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките – продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Ако сакате да слушате музика додека разговарате, отстранете само една слушалка од футролата за полнење и користете ја како вообичаено.
Чипот за Bluetooth® што го пренесува звукот до двете уши истовремено, заедно со оптимизираниот дизајн на антената, овозможува стабилна врска и неверојатно слушање. Малото доцнење на звукот придонесува и за одлично доживување при гледањето содржини.
Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Во материјалот за пакување на WF-C500 не се користи пластика, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

SKU: 10102485 Категории: , ,
Тежина Прибл. 5,4 гр. x 2
Вид на слушалки Затворени, динамички
Звучник 5,8 мм
Магнет Неодимиум
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz – 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Контрола на јачина на звук Да
Отпорност на вода Да (IPX4)
DSEE Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 2,5 часа
Метод за полнење на батеријата Полнење преку USB (со футролата)
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика) Макс. 10 часа
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА) Макс. 5,0 часа
Верзија на Bluetooth® Спецификација на Bluetooth® верзија 5.0
Ефективен опсег 10 м
Фреквентен опсег 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T
Време на полнење на батеријата Прибл. 3 часа
Тежина Прибл. 35 гр.
Димензии Прибл. 80,0 x 34,9 x 30,9 мм