, ,

WF1000XM4S

Sony
Достапност:

Нема на залиха


  • Безжични слушалки со поништување на шум
  • Појасен говор за време на повиците, не регистрира амбиентален звук
  • Револуционерно дигитално поништување на шум и висококвалитетен звук, прилагодени за вас
  • Дигитално поништување на шум со вградениот процесор V1
  • Безжичен звук со висока резолуција и исклучителен квалитет

13,990 ден

Нема на залиха

Извести ме кога производот ќе биде достапен

Сите аспекти на WF-1000XM4 се дизајнирани одново. Тука спаѓаат нашиот нов вграден процесор V1 што е специјално дизајниран од Sony и поништува најмногу шум досега, нов звучник со подобри перформанси, микрофони што откриваат шум и иновативни ушни влошки за изолирање на шумот со постабилно вметнување.
Нашиот нов вграден процесор V1 ги наследува перформансите за поништување на шум од нашиот докажан чип QN1e и нуди многу повеќе. Подобрите перформанси за поништување на шум и технологијата „System on Chip“ за Bluetooth нудат највисоко ниво на поништување шум во индустријата, а сепак трошат помалку енергија.
Двата микрофони што откриваат шум – по еден на предната и задната страна – на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци од опкружувањето, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.
Новосоздадениот звучник од 6 мм, опремен со магнет со зголемен волумен за 20% и многу приспособлива мембрана, ви нуди подобри перформанси за ниските фреквенции. Тој го подобрува и поништувањето на шумот преку генерирање прецизен сигнал за поништување во опсегот на ниски фреквенции.
Ушните влошки за изолирање на шумот се направени од полиуретанска пена. Таа е мека, еластична и ја зголемува контактната површина помеѓу врвот на ушните влошки и ушниот канал и го елиминира празниот простор за да го изолира звукот и да го намали шумот. Го подобрува и прилепувањето до ушниот канал и ги прави слушалките WF-1000XM4 лесни за носење.
Уживајте потполно дури и на ветровити денови. Режимот за автоматско намалување на шумот од ветер открива кога е ветровито и автоматски го намалува.
Во режимот за амбиентален звук, слушалките WF-1000XM4 доловуваат повеќе од звуците околу вас, што значи дека ќе добиете поприродно доживување при слушањето и ќе бидете поврзани со вашето опкружување.
Слушалките WF-1000XM4 поддржуваат безжичен звук со висока резолуција . Благодарение на специјално дизајнираните звучници од 6 мм, тие репродуцираат динамички звук иако имаат мали димензии, а мембраната репродуцира богат бас. Вградениот процесор V1 го зголемува квалитетот на звукот, го намалува изобличувањето и овозможува обработка на кодекот LDAC и DSEE Extreme.
WF-1000XM4 поддржуваат безжичен звук со висока резолуција благодарение на LDAC, нашата технологија за кодирање звук што е прифатена во целата индустрија. LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен како кај наменска жична врска.
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Штом почнете да разговарате со некого, функцијата Speak-to-Chat автоматски ја паузира музиката и почнува да го пропушта амбиенталниот звук за да можете да разговарате – ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или рацете ви се зафатени. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира. Функцијата Speak-to-Chat го препознава и реагира на вашиот глас. Таа се основа врз технологијата за прецизно откривање гласови што нуди комбинација од четири микрофони и сензори со напредна обработка на аудио сигнали.
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, на пример, патувате, пешачите или чекате, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето.
Може да изберете приспособливата контрола на звук да научи да ги препознава местата што често ги посетувате, како вашата канцеларија, салата за вежбање или омилениот бар, и да го прилагоди звукот според ситуацијата.
Технологијата за прецизно откривање гласови користи микрофони со просторно филтрирање и сензор за пренос преку коските за да им овозможи на слушалките WF-1000XM4 да го снимаат вашиот глас јасно и прецизно за време на телефонските повици. Освен тоа, поништувањето на шумот ви овозможува да го слушате соговорникот појасно, дури и во бучни опкружувања.
Микрофоните со просторно филтрирање се калибрирани да ги снимаат само звуците од вашата уста. Тие имаат подобрен сооднос помеѓу сигналот и шумот и ги снимаат сите зборови, дури и кога има многу шум околу вас.
Сензорот за пренос преку коските ги открива само вибрациите од вашиот глас – не регистрира амбиентален звук – овозможувајќи уште појасен говор за време на повиците.
Добијте помош без да ги користите рацете. Само изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.
WF-1000XM4 ја поддржуваат функцијата за брзо впарување на Google. WF-1000XM4 брзо и едноставно се впаруваат со уреди со Android преку Bluetooth® со еден допир. Лесно може да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку вашиот паметен телефон. Ќе добиете дури и известување кога батеријата на слушалките има малку енергија.
Функцијата Swift Pair нуди брзо и лесно впарување на слушалките WF-1000XM4 со вашиот лаптоп со Windows 10, компјутер или таблет-уред. На уредите со Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Откако ги издадовме првите слушалки за во уво во светот во 1982 година (MDR-E252), анализиравме огромни количини на податоци за формите на ушите од целиот свет. Слушалките WF-1000XM4 се резултат на тоа истражување и нудат спој од форма што одговара на ушната празнина и нов ергономски дизајн за постабилно вметнување.
Пронајдете ја соодветната големина за вашите уши со апликацијата Sony | Headphones Connect. Потребни се само неколку едноставни мерења за да ја пронајдете идеалната големина на ушни влошки за изолирање на шумот за да добиете максимален квалитет на звук и минимален надворешен шум.
Дали гледате видеосодржини на вашиот паметен телефон или таблет-уред? Напредната безжична врска на WF-1000XM4 прецизно ги синхронизира сликите со звуците што ги слушате преку слушалките за поголемо уживање при гледањето.
Оптимизацијата на алгоритамот за пренос со вградениот процесор V1 овозможи постабилна врска со помалку прескокнувања на звукот, дури и во опкружувања со пречки. Овозможува пренос на звукот до двете уши истовремено со многу мало доцнење и посилен сигнал како никогаш досега. (A) Пренос од лево кон десно преку BT кај WF-1000X. (B) Истовремен пренос лево и десно преку BT кај WF-1000XM4.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките – продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Добијте енергија за цел работен ден – 8 часа – од слушалките и складирајте енергија за уште 16 часа во футролата. Тоа е енергија за вкупно 24 часа слушање секогаш кога ќе излезете од домот. Се брзате? Со брзото полнење од само 5 минути ќе добиете време за репродукција до 60 минути, а апликацијата Sony | Headphones Connect ќе ве извести кога енергијата во футролата за полнење ќе падне под 30%.
Не се потребни кабли – слушалките WF-1000XM4 имаат технологија Qi за лесно безжично полнење. Може дури и да користите паметен телефон со технологија Qi, како најновиот модел на Xperia со функција за споделување енергија од батеријата, за да ги полните слушалките и футролата за полнење.
Слушалките WF-1000XM4 имаат поставки за интуитивна контрола на допир – на пример, допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или допрете ја подолго за брзо стишување или, пак, допрете ја десната слушалка двапати за да преминете на следната песна. Освен тоа, може да доделите функции по ваш избор на двете слушалки преку апликацијата Headphones Connect.
Само извадете ги ушните влошки од вашите уши и музиката ќе запре – сензорот за близина знае кога носите една или две ушни влошки. Вратете ги ушните влошки во ушите и музиката ќе продолжи.
Со Sony | Headphones Connect, контролата на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да го прилагодувате звукот според вашата музика.
Слушалките WF-1000XM4 се достапни во црна или сребрена боја.
Одново ги дизајниравме слушалките WF-1000XM4 за да ги направиме 10% помали од претходната генерација, без намалување на квалитетот на звукот или траењето на батеријата. Тежат 7,3 гр. и се доволно лесни за да ги носите цел ден. Футролата за полнење е помала за 40%, а сепак нуди енергија за 16 часа.
Пакувањето на WF-1000XM4 не содржи пластика и е дизајнирано врз основа на стандардите за мала токсичност и филозофијата „Создадено за повторно создавање“ што е подобра за општеството. 99% од хартиеното пакување е произведено од рециклирани и одржливи материјали создадени специјално за Sony.
Отворете го пакувањето на вашите слушалки WF-1000XM4 и ќе пронајдете ушни влошки за изолирање на шумот во 3 големини, како и USB-C-кабел за полнење.
Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.

SKU: 10102479 Категории: , ,
Тежина Прибл. 41 гр.
Вид на слушалки Потполно безжично
Звучник 6 мм
Магнет Неодимиумски магнети со голема моќ
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®) 20 Hz – 20.000 Hz(семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz – 40.000 Hz(семплирање со 96 kHz LDAC, 990 kbps)
Отпорност на вода Да (IPX4)
DSEE Extreme Да
Време на полнење на батеријата Прибл. 1,5 часа
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика) Макс. 8 часа (вклучено NC) / макс. 12 часа (исклучено NC)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА) Макс. 5,5 часа (вклучено NC) / макс. 6,0 часа (исклучено NC)
Верзија на Bluetooth® Спецификација на BLUETOOTH® верзија 5.2
Профил A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и) SBC, AAC, LDAC
Поддршка за заштита на содржини SCMS-T
Режим за амбиентален звук Да
Брзо внимание Да