-6%
, ,

SRSXP700B

Sony

Повеќенасочен звук за забава
X-Balanced Speaker Unit
Амбиентално осветлување
Водоотпорност IPX4
Траење на батеријата до 25 часа и брзо полнење

32,990 ден 34,990 ден

Опкружете се со звук
XP700 е составен од повеќе звучници, вклучувајќи преден и заден високоефикасен високотонец и X-Balanced Speaker Unit, за да ви понуди повеќенасочен звук за забава со моќен и длабок бас и голема острина.

X-Balanced Speaker Unit
Иновативниот X-Balanced Speaker Unit има мембрана што не е кружна и зафаќа повеќе површина од стандардните звучници. Тоа значи дека ќе добиете побогат и појасен звук, независно каков стил на музика слушате.

Слушајте гласно и јасно
Комбинацијата од X-Balanced Speaker Unit со преден и заден високоефикасен високотонец му овозможува на XP700 да ви понуди простран профил со висококвалитетен звук низ целата просторија.

Засилете го басот
MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас.

Слушајте ја музиката како да се изведува во живо
Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.

Осветлете ја ноќта
Благодарение на новото амбиентално осветлување, може да изберете различни шеми на осветлување што ќе внесат енергија во забавите или релаксирачки нијанси за опуштени ноќи во домот.

Дождот нема да ја запре музиката
Подгответе ја забавата во градината за сè. XP700 има ознака IPX4 за водоотпорност, што значи дека може да го користите дури и ако зароси.

SKU: 10102543 Категории: , ,
Бренд

Звук Димензии на звучник Дијаметар на звучникот(високотонец) 3 предни од 6 см и 1 заден од 5 см, дијаметар на звучникот(вуфер) 17 см x 2
Режими на звук Clear Audio+, DSEE, LIVE SOUND, повеќенасочен звук за забава
Големина и тежина Димензии (Ш x В x Д) 313x693x367 мм
Тежина 16,9 кг
Bluetooth® поддржани кодеци SBC, AAC, LDAC
Интерфејс Влезни и излезни приклучоци Мини стерео приклучок (ВЛЕЗ), USB A, влез за микрофон, влез за гитара
Општи карактеристики Траење на батеријата 25 ЧАСА
Напојување Внатрешна, на полнење
Заштита од вода IPX4
Еколошки, заштеда на енергија Потрошувачка на енергија (исклучен режим) недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност) 0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) – приклучоци 1,5 W (Bluetooth) / 1,5 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и) 1. Инсталирајте ја апликацијата „Sony | Music Center“ во паметниот телефон.
2. Поврзете го паметниот телефон со уредот преку BT.
3. Отворете го менито „Поставки“ на Sony | Music Center, а потоа изберете „Други поставки“ – „Режим на подготвеност со BT“.
4. Изберете „ВКЛУЧЕНО“ или „ИСКЛУЧЕНО“