-19%
, , ,

SRSXG500B

Sony

  • Моќен звук за забава насекаде
  • Брзо полнење
  • Практична рачка за лесна преносливост
  • X-Balanced Speaker Unit

24,990 ден 30,990 ден

Животот треба да се живее максимално. Тоа значи да се соберете со пријателите, да ја засилите музиката максимално и да танцувате цела ноќ на јасен и богат звук. Со нашите нови звучници од серија X ќе можете максимално да ги искористите сите моменти, да организирате забави што ќе ги паметите засекогаш и постојано да го живеете животот гласно.
Одете секаде каде што ќе ве понесе забавата. Тоа значи дека ви треба звучник што ќе ви понуди моќен звук каде и да одите. Со XG500 ќе можете да носите моќен звук за забава со вас, а со вграденото осветлување ќе можете и да ја разубавите атмосферата.
XG500 е создаден да трае. Има издржливо куќиште, ознака IP66 за отпорност на вода и прав, како и батерија што трае долго. Останува само едно прашање: каде сакате да го носите?
Иновативниот X-Balanced Speaker Unit има мембрана што не е кружна и зафаќа повеќе површина од стандардните звучници. Тоа значи дека ќе добиете побогат и појасен звук, независно каков стил на музика слушате.
Технологијата на XG500 работи хармонично за да создаде поквалитетен звук. X-Balanced Speaker Unit нуди длабок и моќен бас и јасни вокали, дури и при гласен звук. Високоефикасниот високотонец создава остар и простран звук за високите фреквенции. Пасивните радијатори вршат оптимизација за да создадат звук со јасен бас. Спојте го сето тоа и ќе добиете одличен звук што вреди да го споделите со пријателите.
Новото амбиентално осветлување создава модерно и дискретно осветлување што е совршено за забави или секојдневна употреба. Може да изберете различни шеми на осветлување во апликацијата Sony | Music Center.

Бренд