,

SRSXG300B

Sony

  • Ознака IP67 за отпорност на вода и ‘рѓа
  • Траење на батеријата до 25 часа и брзо полнење
  • Рачка што се вовлекува
  • Моќен звук за забава

19,490 ден

Ви треба звучник што ќе репродуцира моќен звук каде и да одите. Со XG300 ќе можете да носите моќен звук за забава со вас, а со вграденото осветлување ќе можете и да ја разубавите атмосферата.
Уживајте во моќен звук за забава од вуферите, предните високотонци и пасивните радијатори што создаваат моќен бас и остри вокали, независно каде слушате.
За разлика од кружната мембрана кај стандардните звучници, новосоздадениот X-Balanced Speaker Unit кај XG300 нема кружна мембрана, па затоа генерира поголем звучен притисок и создава висококвалитетен звук.
Освен тоа што максимално ја искористува површината на мембраната на звучникот за да го зголеми звучниот притисок и да создаде посилен бас, правоаголниот облик на уредот го намалува и движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок.
Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.
MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас.
Концептот за осветлување „амбиентално осветлување“ создава модерен и стилски впечаток. Светлината се синхронизира со ритамот на музиката и одговара на сите стилови, вклучувајќи и забава и секојдневно користење. Шемата на осветлување се поставува преку апликацијата Sony | Music Center за да ја осветлите забавата или собата во ваш стил.
Носете ја забавата со вас со помош на рачката што се вовлекува и што е дизајнирана за лесно пренесување на XG300.
Звучникот XG300, со батерија што трае 25 часа кога е целосно наполнета, може долго да репродуцира музика за да се забавувате без да се грижите за ненадејно прекинување на мелодиите.
Функцијата за грижа на батеријата спречува прекумерно полнење и ја чува батеријата во оптимална состојба подолг период.
Ако немате многу време за подготовка, не грижете се. Брзото полнење ви нуди време на репродукција од 70 минути со полнење од само 10 минути.
Благодарение на ознаката IP67, може да го носите звучникот XG300 на плажа, во парк или секаде каде што ќе посакате, а тој ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината. Отпорен е на слатка и солена вода за да можете да се забавувате покрај морето или базенот.
Со само еден допир, XG300 од Sony овозможува брзо и лесно впарување со вашите уреди со Android™ преку Bluetooth®.
Вградениот звучник нуди практичен начин за разговарање без да ги користите рацете, независно дали тоа е конференциски повик за работа или разговор со пријателите.
Со Party Connect може да споите најмногу 100 компатибилни безжични звучници преку BLUETOOTH® и да ја синхронизирате вашата музика. Со функцијата Stereo Pair, пак, може да поврзете два звучника безжично и да добиете поширок стерео звук. И двете функции се активираат во апликацијата Sony | Music Center.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center. Избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Забавувајте се повеќе со апликацијата Fiestable. Контролирајте забавни функции како правење листа за репродукција, караоке и контрола со движења.

SKU: 10102520 Категории: ,
Вид на звучникот Вуфер (Л / Д) / високотонец (Л / Д)
Димензии на звучник Високотонец: Прибл. φ 20 мм, Вуфер: прибл. 61 мм x 68 мм
Режими на звук Clear Audio+, MEGA BASS, LIVE SOUND
DSEE Да
Прилагоден EQ Бас/среднотонец/високотонец
Димензии (Ш x В x Д) Прибл. 318 мм x 138 мм x 136 мм
Тежина Прибл. 3 кг
Функција за ракување без користење на рацете Да
Sony | Music Center Да
Систем на комуникација Верзија 5.2
ФУНКЦИЈА ЗА ДОДАВАЊЕ ЗВУЧНИК Party Connect, Stereo Pair
Макс. опсег на комуникација Прибл. 30 м
Компатибилни профили A2DP, AVRCP, HFP, SSP
поддржани кодеци SBC, AAC, LDAC
Фреквентен опсег на пренос 20 Hz – 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Фреквентен опсег 2,4GHz фреквентен појас
Влезни и излезни приклучоци Мини стерео приклучок (влез) ,USB C, USB A (само за DC-излез)
КОМПАТИБИЛНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ Sony | Music Center / Feastable
Траење на батеријата Прибл. 25 часа
Напојување Внатрешна батерија на полнење + AC-адаптер, AC-адаптер за напојување
USB-приклучок за полнење паметни телефони USB A (5 V 1,5 A)
Заштита од вода IP67
Потрошувачка на енергија Прибл. 17 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност) Прибл. 0,3 W