, ,

SHAKE X70PN

Sony
Достапност:

Нема на залиха


  • Технологија Sound Pressure Horn за моќен бас
  • LDAC за висококвалитетно слушање преку Bluetooth
  • Диџеј ефекти за забава како во ноќните клубови
  • Екранот со LED светилки создава атмосфера за забава

74,990 ден

Нема на залиха

Извести ме кога производот ќе биде достапен

Воодушевете се од моќниот бас со технологијата Sound Pressure Horn. Дизајнот на внатрешно преклопена хорна ефикасно го зголемува акустичниот притисок преку потиснување на енергијата низ канал за засилување. Резултатот е многу поефикасен во однос на стандардните засилувачи кои трошат енергија и стандардната обработка на сигналот, со што се добива смелост и исполнетост која можете да ја почувствувате во сите бас тонови.
LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во најквалитетен безжичен звук преку технологијата Bluetooth. Со пренос на до 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.
Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Звучниците со LED диоди се достапни во десет шаблони за бои, од чиста бела до виножито. Синхронизирајќи се со ритамот, моќта и брзината на приказот со светилки се усогласува со музичкото расположение и атмосферата.
Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Flanger создава длабок, громогласен ефект; WAH го изобличува звукот; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Можете да ги користите диџеј ефектите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, така што никогаш не било полесно да бидете креативни при составувањето на листите за репродукција за забавите.
Лесно организирајте натпревари во караоке со пријателите: само поврзете го SHAKE-X70D со телевизор, вметнете DVD со караоке и запејте ги зборовите што се појавуваат на екранот. Двата влезови за микрофон и функциите како резервација на песни, бодување и ехо ви овозможуваат да ги здружите силите со вашите пријатели за најдобриот натпревар во пеење. Вградената функција за регулирање на јачината на вокалите дури и ги стишува гласовите на CD дисковите за да можете да ги пеете сите омилени песни.
Одржувајте сопствени мини концерти со влезот за гитара. Само приклучете ја гитарата и притиснете го копчето за гитара за да уживате во моќен звук од вашата гитара. Настапувајте соло или поврзете микрофон за да пеете.
Поврзете го телевизорот на едноставен начин за да добиете длабок и моќен звук од сите ваши филмови и песни. благодарение на HDMI приклучокот, сè што треба да направите е да поврзете еден кабел.
Земете ги вашите DVD дискови и гледајте ги на вградениот плеер на SHAKE-X70D. Уживајте во секоја експлозија, акциона или драматична сцена со опкружувачки звук како во кино кој ќе ве внесе во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.
Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® технологијата ги елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Допрете го SHAKE-X70D со вашиот уред кој поддржува NFC за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку технологијата Bluetooth и тоа е сè.
Преземете ја апликацијата Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal) за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку технологијата Bluetooth и добијте непречен пристап до сите омилени песни. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.
Копирање песни помеѓу CD и USB. Едноставно поврзете го вашиот уред на PLAY/REC приклучокот и ќе бидете подготвени за пренесување. Доколку снимате директно на USB, исто така е можно да се надгради бит-стапката од стандардните 128kbps на 256kbps за подобрен квалитет на звукот.
Извлечете максимум од вашиот домашен аудио систем. Двата RCA аудио влезови ви овозможуваат да поврзете телевизор, конзола за игри или дополнителен SHAKE уред за поголема моќност за содржините што ги слушате или гледате.
Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој домашен аудио систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што ќе можете да уживате во секаква музика, почнувајќи од студио снимки до музички компилации и преземени песни.
Сакате а ги слушнете вашите омилени диџеи? Едноставно вклучете се преку FM вртливото копче на радиото и дознајте што се нуди.

CD Да
DVD Да
USB1 Да
FM Да
Аудио влез 1 Да
TV Да (HDMI), (АУДИО ВЛЕЗ)
Bluetooth® Да (iAP преку BT)
Аналоген аудио влез 1
Аналоген аудио излез 1
HDMI® излез 1
Композитен видео излез 1
USB влез 1
Излезна моќност на предни звучници 2
Влез за микрофон 2 (еден приклучок за 6φ / гитара – МИКРОФОН 2 / ГИТАРА)
Музички еквалајзер МУЗИКА
Режим за фудбал ДА (ИСКЛУЧЕНО / ВКЛ. раскажување / ИСКЛ. раскажување)
Видео EQ ФИЛМ1 / ФИЛМ2 / ИГРИ / ДРАМА / ВЕСТИ
Режим FIESTA Да
Функција за засилување на басот Mega Bass
DSEE дигитално подобрување на звукот DSEE (АВТОМАТСКИ) / LDAC
Party Chain(жично) Да
ClearAudio+ Да
Dolby® Digital Да
S-Force Front Surround Да
Звучни ефекти Да
Изолатор Да
Распространување Да (само со апликации)
Wah Да (само со апликации)
Семплер Да (гребнатини и друго)
Светилка во звучникот Да (повеќе бои)
Светло за забави Да (Л / Д)
Регулирање на јачината на вокалот Да
Контрола на копчиња Да
Бодување Да
Микрофон јачина на звук Да
Ехо Да
Тајмер за заспивање Да
USB СНИМАЊЕ Да
Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност) 0.5W
Впарување со NFC со еден допир Да
LDAC Да
AAC Да
A2DP(приемник) Да
AVRCP Да (вер. 1.5)
SPP Да
Компатибилни апликации за паметни телефони Да (Sony | Music Center и Fiestable)
Појас FM
RDS Да
Надворешна антена Да (75 оми)
Опсег на поставување (FM) 87,5-108 MHz / 50 kHz
Меморирани канали FM20
Заклучување на местото за поставување Да
Заклучување за деца Да
CD Да
CD-R Да
CD-RW Да
DVD Да
DVD+R Да
DVD-R Yes
DVD+R DL Да
DVD+RW Да
DVD-RW (видео) Да
VCD Да
MP3 Да
Xvid Да
Mpeg4 *едноставен профил Да
Високотонец 2,5 см x1 (тип на хорна)
Среден опсег 15 см x1 (хартија)
Бас 38 см x1 (MRC)
Sound Pressure Horn(хорна поставена на задната страна) Да
Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.) 45,5 x 16,5 x 33,0
Тежина (кг)(прибл.) 6,2
Димензии на преден звучник (ШxВxД см)(прибл.) 51,0 x 77,3 x 49,1
Тежина (кг)(прибл.) 30,6
Потрошувачка на енергија (исклучен режим) недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност) 0,4 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) – приклучоци 1,0 W (HDMI CEC) / 1,0 W (Bluetooth) / 1,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци По 15 минути (HDMI CEC, Bluetooth)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и) BT STANDBY: Променете ја поставката за BT STANBY (OPTION–>BT STANDBY–>ON/OFF) HDMI CEC ON/OFF: [SETUP] –> [CONTROL FOR HDMI] на системот на [ON]/[OFF]