,

PS5 PSVR2 + Horizon: Call of The Mountain Bundle


SEEING IS BELIEVING!

39,990 ден

Од најситни детали до пространи пејзажи, од реални експресии до футуристички светови кои живеат и дишат, процесирачката моќ на PS5® заедно со новите оптички карактеристики ќе ви дозволат да го почувствувате секој момент во неверојатни детали.

ПОДЛАБОКИ ДЕТАЛИ:

Два 2000×2040 OLED дисплеи кои носат неверојатни 4K HDR визуелизации до 120 FPS – 4 пати повеќе од резолуцијата на оригиналниот Playstation®VR.

INTELLIGENT EYE TRACKING ТЕХНОЛОГИЈА:

Изразете се себеси пред вашите соиграчи на нов и живописен начин со eye tracking технологијата која симулира неверојатна емоционална реакција преку вашиот in-game avatar, давајќи одлично чувство на реалност и лични интеракции во co-op игрите или тимските четови во multiplayer игрите

НЕВЕРОЈАТНО ОСТАР ФОКУС:

Уживајте во деталите кои засилениот rendering ги пренесува во in-game пејзажите пред вашите очи со неверојатна графичка верност – истовремено уверувајќи се дека перформансите во играта остануваат стабилни.

ИСТРАЖЕТЕ ПРЕКРАСНИ СВЕТОВИ:

Почувствувајте се комплетно присутно во виртуелните средини со виден опсег од 110 степени, и приспособувачки Fresnel леќи кои Ви дозволуваат да го подесите просторот помеѓу двете леќи за приспособување на позицијата на Вашите очи за оптимална слика.

3D AUDIO IMMERSION:

Почувствувајте го присуството на ликовите додека ви шепотат, лоцирајте ги вашите пријатели и непријатели по нивните чекори, и обиколете се себеси со неверојатно реални звучни пејзажи, додека in game звуците динамично се приспособуваат на вашата позиција и движење на главата со Tempest 3D AudioTech.

HEADSET FEEDBACK:

Суптилни, реактивни вибрации на headset-от кои доаѓаат од еден вграден мотор креираат еден уникатен, интелигентно тактилен елемент во gameplay-от, од брзината на стрела која пролетува до вашата глава до звукот на моторот на возило кое поминува со голема брзина.

ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НОВИТЕ PSVR2 SENSE КОНТРОЛЕРИ:

Уживајте во интеракција со виртуелните светови на неверојатни нови начини со haptic feedback, adaptive triggers, прецизен tracking и детекција на допир – интегрирани во уникатен ергономски дизајн.

СКОКНЕТЕ ВЕДНАШ ВО АВАНТУРА:

Едноставно приклучете го USB кабелот во вашата PS5 конзола и почнете. Прилагодете ја вашата област за играње, нурнете се во игра, уживајте во non-VR содржини во Cinematic Mode, или вратете се во вистинскиот свет со еден допир на копчето за See-Through View

Категории: , Ознака: