4K HDR-процесор X1™
Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближен 4K-квалитет со реални бои и контраст.
TRILUMINOS PRO™
Нашите телевизори со широка палета на бои и уникатен алгоритам TRILUMINOS PRO™ ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали. Ќе уживате во бои што ќе изгледаат реални.
4K X-Reality™ PRO
Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Сликите снимени во 2K-резолуција, па дури и во HD, ќе добијат нивоа на детали слични на 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.
Motionflow™ XR
Уживајте во јасни и остри детали дури и кај динамичните сцени со Motionflow™ XR. Оваа иновативна технологија создава и вметнува дополнителни слики измеѓу оригиналните слики. Таа ги споредува главните визуелни фактори на последователните слики, а потоа ги пресметува движењата кои недостасуваат и траат само дел од секундата во низата слики. Некои модели се одликуваат и со вметнување црни слики за елиминирање на заматувањето и добивање реалистичен изглед како во кино.
Автоматски режим со мало доцнење
Со автоматскиот режим со мало доцнење на HDMI 2.1, BRAVIA препознава кога ќе ја поврзете и вклучите конзолата и автоматски го активира режимот со мало доцнење. Ќе уживате во појасни игри со побрз одзив – неопходно за динамични и акциони игри.
Автоматски HDR со мапирање на тонови
Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR за време на првичното поставување на вашата конзола PS5™. Вашата конзола PS5™ автоматски препознава одредени модели на телевизори BRAVIA и ги избира најдобрите поставки за HDR според вашиот телевизор. Затоа, дури и во сцените со голем контраст, ќе можете да ги видите најважните детали и бои во најсветлите и најтемните делови од екранот.
Режим на слика со автоматски жанр
BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри за да го минимизира доцнењето на влезниот сигнал и да овозможи движења со побрз одзив. Кога гледате филмови на конзолата PlayStation5®, тој се враќа во стандарден режим за да се фокусира на обработката на слики и да прикаже пораскошни сцени.
X-balanced speaker
Дизајниран да го надополни квалитетот на звукот и тенкиот дизајн на телевизорот со својата уникатна нова форма, нашиот X-balanced speaker ќе ги збогати филмовите и музиката со јасен звук.
Поврзување преку Bluetooth®
Поврзете уреди компатибилни со Bluetooth® со вашиот телевизор за едноставна и безжична забава. Впарете ги вашите слушалки што поддржуваат Bluetooth® со BRAVIA и уживајте во серии и музика на омиленото место – без пречки или прекини.
Ambient Optimization
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Сензор за светло
Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.
Dolby Vision® и Dolby Atmos®
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision® внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos® ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
BRAVIA CORE
Достапен е огромен број на филмови што чекаат на вас. Уживајте во неограничено проследување филмови од BRAVIA CORE до 12 месеци и изберете најмногу 5 филмови што ќе ги изнајмите од стотиците најнови и класични филмски хитови.