- Слушајте звук од сите правци со опкружувачкиот звук со 7.1.2 канали
Нашата напредна технологија за опкружувачки звук Vertical Surround Engine ви овозможува да уживате во возбудливиот звук на најновите формати на звук како во кино, како што се Dolby Atmos® и DTS:X™, преку тенок уред. Неговите три предни звучници, заедно со уникатната обработка на сигнали од Sony, создаваат „вертикален“ опкружувачки звук со што се добива виртуелен опкружувачки звук што доаѓа кон вас од сите страни.
- Сите содржини се подобруваат со 7.1.2 канали
Во модерните кино сали има звучници насекаде околу вас, секој со посебно прилагоден звук, за да создадат прекрасно доживување со опкружувачки звук. Притиснете го копчето Immersive AE (подобрување на звук) и HT-G700 ќе го подобри дури и стандардниот стерео звук до 7.1.2-кан. опкружувачки звук за сите серии и филмови да добијат опкружувачки звук.
- Подигнување на звукот според висината на вашиот телевизор
Звукот се прилагодува за да одговара на висината на вашиот телевизор со помош на S-Force PRO. Сега, дури и ако телевизорот е поголем од 55 инчи, ќе изгледа како звукот да доаѓа од екранот на телевизорот, за уште поголемо уживање во сите содржини што ги гледате.
- Безжичен сабвуфер за богат и моќен бас
Моќниот безжичен сабвуфер создава звук со подлабок и побогат бас, а благодарение на лесното безжично поврзување може да го поставите каде што сакате.
- Режими на звук што одговараат на вашата забава
Изберете звук или режим за звук што најмногу ќе одговара за вашата забава преку наменско копче на далечинскиот управувач. Уживајте во филмови со режимот Кино и слушајте ги сите детали од омилените песни во режимот Музика. Режимот Глас ги прилагодува поставките за звук да го истакнат говорот за да не пропуштите ниту збор. Ноќниот режим, пак, го оптимизира балансирањето на звукот за да можете да слушате јасно сè дури и при мала јачина на звукот.
- Едноставно поврзување
Поврзете компатибилен телевизор или уред безжично преку технологијата Bluetooth® или искористете го HDMI eARC/ARC или оптичкиот дигитален влез за да добиете звук со максимален опсег.
- Уживајте во сите ваши филмови во 4K HDR-квалитет
Одликувајќи се со најнова технологија за проследување во 4K HDR со 18 Gbps и HDCP2.2/HDCP2.3, HT-G700 е подготвен за најновите формати за домашно кино како Dolby Vision, HDR10 и Hybrid Log Gamma.
- Безжично поврзување со вашиот телевизор
Испраќајте звук безжично од вашиот компатибилен телевизор од Sony кон звучникот во вид на лента преку технологијата Bluetooth®.
- Кабел HDMI eARC/ARC
Проследувајте звук и контролирајте ги информациите од вашиот телевизор преку само еден кабел со HDMI.