Прекрасен опкружувачки звук од врвен звучник во вид на лента
HT-A5000 нуди 5.1.2 канали: Два звучници насочени нагоре, два beam-високотонци и три предни звучници за поширок опкружувачки звук и вграден сабвуфер за длабок бас. Со Vertical Surround Engine и S-Force PRO Front Surround, тој создава виртуелен опкружувачки звук што ќе ве обвитка од сите страни за потполно уживање во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X®.
Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук без неред во просторот во кој живеете.
Звук од напредни звучници и сабвуфер
Моќните звучници работат заедно за да создадат јасен звук со широк опсег низ целата ваша просторија. Два звучници насочени нагоре што репродуцираат звук над вас, два beam-високотонци и три предни звучници за опкружувачки звук, како и сабвуфер за силен бас.
Beam-високотонци
Одбивајте го звукот од ѕидовите и проширете го опкружувачкиот звук за да добиете прекрасно доживување што ќе ги надмине границите на вашиот телевизор. Во комбинација со S-Force PRO Front Surround ќе добиете уште поширок опкружувачки звук.
X-Balanced Speaker Unit
Звучниците насочени нагоре, вградениот сабвуфер и предниот звучник ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Уникатната правоаголна форма на овие звучници максимално ја зголемува површината на мембраната за да добиете посилен бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок што резултира со помало изобличување и поголема острина на вокалите.
Подобар квалитет на дигиталната музика во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Запознајте се одново со вашата омилена музика
Звукот со висока резолуција ќе ви овозможи да уживате во музиката што ја сакате со извонредна реалност и прецизност. 360 Reality Audio2 нуди нов начин за уживање во музиката што ќе ве пренесе во центарот на случувањата користејќи звуци и различни инструменти.
Звукот совршено одговара на случувањата
Со Acoustic Center Sync ќе слушате дијалози точно од местото каде што стои ликот на екранот. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за подобро доживување при гледањето.
Подготвен за користење штом го извадите од кутијата
HT-A5000 е речиси подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го приклучите во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI eARC на телевизорот и да го вклучите напојувањето. USB-приклучок и оптички приклучок, како и HDMI-влез/излез (eARC) и S-CENTER OUT за компатибилните модели на BRAVIA – достапни ви се сите потребни приклучоци за извонредно доживување со опкружувачки звук.
Продолжен бас
Потребна е голема моќ за прецизна репродукција на ниските фреквенции за бас, а често постои и ризик од изобличување (A). За да го спречи тоа, HT-A5000 ја користи уникатната технологија на Sony за обработка на сигнали за да создаде динамички продолжен бас при секоја јачина на звукот (B). Овој графикон има илустративна намена. 1.Ниво 2.Ниско 3.Високо 4.Фреквенција
Појасен глас
Колку подлабок бас, толку повеќе движење на мембраната на звучникот. Тоа предизвикува изобличување со модулација на фаза кога мембраната истовремено репродуцира и високи фреквенции. Технологијата на Sony за обработка на сигнали врши компензација за овој ефект за да добиете појасни дијалози и локализиран звук. Подобрувањата во модулираната бранова форма ја зголемуваат острината и спречуваат изобличување на вокалите.