360 Spatial Sound се прилагодува кон вашето опкружување со изборните задни звучници од Sony
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping и задните звучници од Sony создаваат повеќе фантомски звучници користејќи го звучникот во вид на лента и задните звучници. Со повеќе фантомски звучници околу вас подредени во оптимално звучно поле за вашата просторија, добивате ново звучно доживување. Уживајте во возбудата што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X® и слушнете го секој здив, чекор и збор како да сте дел од филмот.
Уживајте во простран 360 Spatial Sound со изборните задни звучници од Sony
Широка површина за слушање што ќе го исполни секој дел од вашиот простор на живеење за да може вашето семејство и пријателите да уживаат во звукот подеднакво. Површината за слушање не е ограничена во делот пред телевизорот, туку опфаќа многу поширок простор.
Оптимизиран за положбата на звучниците
Не е потребно прецизно позиционирање на изборните звучници. Звучникот во вид на лента со вградените микрофони ќе направи сè што е потребно – интелигентно ќе ја измери положбата на сите звучници и ќе го оптимизира звукот според вашата соба. Тој ќе ви овозможи да уживате во оптимизација на звучното поле со изборни звучници. Активирајте го едноставниот процес на калибрација при почетното поставување или во почетното мени.
Уживајте во звук одозгора
Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.
Два вградени сабвуфери за звук со длабок бас
Звучникот во вид на лента има два моќни вградени сабвуфери во средината за да уживате во звук со длабок бас и минимална опрема во вашиот животен простор.
Централен звучник за јасен дијалог
Со наменскиот централен звучник ќе ги слушате гласовите јасно, без разлика дали се работи за брз дијалог од омилените серии или шепотење во филмовите. Одличен е и за музика бидејќи создава звук со врвни детали.
Појасен глас
Колку подлабок бас, толку повеќе движење на мембраната на звучникот. Тоа предизвикува изобличување со модулација на фаза кога мембраната истовремено репродуцира и високи фреквенции. Технологијата на Sony за обработка на сигнали врши компензација за овој ефект за да добиете појасни дијалози и локализиран звук. Подобрувањата во модулираната бранова форма ја зголемуваат острината и спречуваат изобличување на вокалите. Овој графикон има илустративна намена. 1. Бранова форма на глас 2. Бранова форма на бас 3. Модулирана бранова форма
X-Balanced Speaker Unit
Двата вградени сабвуфери и предните звучници ја користат технологијата X-Balanced Speaker Unit. Правоаголната форма на звучниците максимално ја зголемува површината на мембраната. Исто така, го намалува нејзиното движење без да го намали звучниот притисок, за помало изобличување и остри вокали.
Најдобри перформанси со телевизори од Sony
Ако го впарите со телевизор BRAVIA™, HT-A3000 ќе ви понуди прекрасно аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен звучник во вид на лента за телевизори BRAVIA.