,

CMTX3CDB

Sony

  • Домашна Hi-Fi забава на едноставен начин
  • Слушање со еден допир преку Bluetooth® и NFC
  • FM радио, CD и USB репродукција
  • Mega Bass за динамички звук

11,990 ден

2-канален систем за моќен звук во домот
Уживајте во моќен звук кој ја исполнува просторијата со 2-канален систем на звучници. Двата звучници со целосен опсег нудат балансиран стерео звук во високите, средните и ниските фреквенции. Резултатот? Јасен и балансиран звук кој звучи одлично при секое ниво на јачина на звукот.

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување на музика
Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.

Mega Bass за подобри ниски звуци
Активирајте ја опцијата Mega Bass за да го засилите басот на омилените песни. Користејќи ја технологијата за дигитална обработка на сигнали, Mega Bass ефикасно ги подобрува тоновите со ниска фреквенција за да создаде резонантен бас со целосен опсег кој внесува реалистична длабочина во вашиот звук.

7-појасен еквалајзер за оптимизиран звук
Изберете ги идеалните поставки за содржините што ги слушате. 7-појасниот еквалајзер се одликува со однапред прилагодени поставки според жанрови кои се создадени за оптимизирање на вашето доживување при слушањето. Изберете некој од режимите R&B, хип хоп, рок, поп, класика, џез или основен, за да уживате во секоја песна со јасен и балансиран звук.

Дизајн со дефинирана контура
Стилски додаток за секоја просторија. Мазната површина и правите линии ја усогласуваат оваа елегантна убавина со заднината, а сепак го привлекуваат вниманието со својата минималистичка префинетост. Нагласениот периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура.

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®.

USB приклучок за репродукција на музика и полнење
Репродуцирајте и полнете на едноставен начин. Со помош на USB приклучокот, ќе можете да приклучите USB уред, паметен телефон, таблет или лаптоп и да ја слушате целата ваша музичка колекција. Празна батерија? Нема проблем. Исто така, можете да го полните вашиот таблет уред или паметен телефон додека ја слушате вашата музика.

Бренд

Вид на звучникот Целосен опсег
Излезна моќност Вкупно 20W
Димензии (Ш x В x Д) 34,0 x 17,3 x 9,0 см
Тежина 2,3 кг
NFC ДА
USB ДА
CD ДА
Влезни и излезни приклучоци Аналоген аудио влез (3,5 мм)
Далечински управувач: ДА
Потрошувачка на енергија 28W (при работа), 0,5W (во режим на подготвеност)