Дали сте подготвени да го испробате најдобриот Mario Kart досега на Nintendo Switch? Прицврстете го безбедносниот ремен и тргнете во динамично тркање со Mario Kart 8 Deluxe, кој ги содржи апсолутно сите додатоци од неговата верзија за Wii, како и целосно подобрена интеграција за Nintendo Switch.
Mario Kart 8 воведува анти-гравитација во светот на трките. Во најновата игра од популарната серија на Nintendo, ќе можете да се натпреварувате на различни терени, вертикални sидови, па дури и тавани. Авторите на насловот успеаја да создадат некои од највеличествените рути со тродимензионален дизајн.
Подгответе се да уживате во познатите одлики и механика од последните неколку игри во серијата, како што се воздушните и подводните трки од Марио Карт 7 и мотоциклите од Марио Карт Wii.
Секако, Mario Kart 8 ќе ви понуди феноменален глобален режим за мултиплеер, како и целосна интеграција, што ќе ви овозможи да ги споделите со секого вашите забавни моменти од играта.